Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Трка на 5км

Почитувани,
Пријавивање за Трка 5 км, повелете пријавете се!

https://forms.gle/3RsVoHmChdQRMHtk9

ПРОГРАМА И ОПИС НА ПАТЕКАТА – ТРКА 5 КМ ВИНИЦА
Стартот на трката е од Градскиот стадион во Виница.
Натпреварувачите излегуваат од стадионот и се упатуваат кон семафорите на ул. Браќа Миладиновци, каде трчањето продолжува по левата страна на коловозот.
Трасата продолжува по бул. Маршал Тито во правец на индустриската зона, по што се приклучува на ул. Крушевска Република. По оваа улица се трча приближно 1 км, до спојот со ул. Јане Сандански.
Потоа трасата продолжува кон Поликлиника Панови, каде следува десно вртење по ул. Даме Груев.
Од таму натпреварувачите се враќаат назад кон стадионот, влегуваат во стадионот и трчаат еден круг во насока на стрелките на часовникот, по што следува финиш на атлетската патека.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk