Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Цени за комуналии

Начин на пресметување на нето корисна површина
Станбени објект:
- приземни простории, соби, кујни, вградени плакари, салони, шпајзови, ходници, санитарни чворови, бањи 100%;
- станбени простори со висина до 2.50м, потпокривен простор 20%;
- лоѓија затворена од три страни 40%;
- подлоѓија затворена од две страни 30%;
- балкони, тераси 20%;
- заеднички проодни тераси, пасажи 20%;
- помошни простории, остава за гориво, котлара, визба 30%;
- трафостаница 35Кв во и надвор од објектот 30%;
- скалишен простор и заеднички комуникации 30%;
- стражарници, управител, простории за домар 50%;
- паркиралишта и гаражи 10%;

Деловни, јавни и производни објекти
- простории 40%;
- магацини 50%;
- помошни простории, остави за гориво, котлара 30%;
- трафостаница до 35Кв во објектот и надвор од објектот 40%;
- скалишен простор и заеднички комуникации 50%;
- паркиралишта и гаражи 10%;
- лоѓија затворена од три страни 50%;
- подлоѓија затворена од две страни 30%;
- балкони, тераси 40%;
- отворен наткриен простор 30%;

Други објекти - катни гаражи 20%;
- спортски покриени објекти 50%;
- спортски откриени објекти 30%;
- бензински пумпи, гасни станици и базни станици, за 50% од локацијата 100%;
- отворени пазаришта, за 30% од локацијата 100%;
- базени 20%;
- трафостаници над 35Кв 100%;

Не се пресметува површина на:
- ѕидови и други конструктивни елементи;
- инсталационите канали;
- окната на лифтови;
- окна на врати;
- отворени паркиралишта;

- Цената на трошоците за уредување на градежно земјиште изнесува 1400,оо ден/м2 за двострано поставени и уредени парцели по м2 нето изградена површина за градба и домување.
- Цената на трошоци за уредување на градежно земјиште во с. Јакимово, за индивидуална станбена градба ќе изнесува 1.000,оо ден/м2 корисна површина.
- Во останатите села надоместокот за уредување на градежно земјиште ќе се утврдува по донесување на деталните урбанистички планови.
- Минималниот износ за наплата на трошоци за уредување на градежно земјиште ќе изнесува 140.000,оо денари од градежна парцела.
- При рушење на стар објект во кој се живеело до денот на градбата заради градба на нов објект, надоместот се пресметува 50% од трошоците за градба за делот што го зафаќа стариот објект.
- За групирана станбена градба (станови) надоместот за уредување на градежно земјиште изнесува 1.900,оо денари за м2 нето корисна површина пресметано според горниот начин на пресметка на нето корисна површина

Деловен простор во приватна или групирана станбена градба:
-за деловен простор во градско подрачје се плаќа 2.400.оо ден/м2;
- за делове простор во подрумски простории се плаќа 2.300.оо ден/м2;
- деловни и угостителски објекти за услужни дејности 1.500 ден/м2, без разлика на површината која ја има просторот;
- стопански и индустриски објекти 6.000.оо ден/м2, без разлика на површината која ја има стопанскиот објект;
- настрешници 4.000.оо ден/м2, без разлика на површината која ја има објектот;
- деловни, трговски и угостителски објекти во с. Јакимово изнесува 1.400.оо ден/м2, додека во останатите села 200.оо ден/м2;
- надомест за времени објекти на државно земјиште, месечно изнесува 100.оо ден/м2;
- за пренамена на станбен во деловен простор, се доплаќа разликата во надомест за деловен и станбен простор за нето корисна површина согласно елаборатот за пренамена, регулирана со анекс договор;
- за пренамена на подрумски простор во деловен простор се плаќа 2.400,оо ден/м2;
- за деловни, индустриски, стопански објекти, настрешници и слично ( складови, производни капацитети, фарми ...) вон градежен реон, а за кои е обезбедена соодвета документација од надлежните министерства, се плаќа 30% од висината на надоместокот, предвидени во делот за деловни и угостителски објекти погоре, поради делумно користење на постојната инфраструктура, а во случај на целосно користење на комуналната инфраструктура на населено место се плаќа 60% од предвидениот надоместок за комунално уредување. Уредување на земјиштето вон градежен реон ќе е на товар на инвеститорот;
- при изградба на бензински и плински станици и друг отворен простор наменет за стопанисување, како нето површина ќе се смета вкупната површина за опслужување;

Надоместокот за уредување на градежно земјиште за изградба на фотонапонски панели изнесува 20% од висината на просечната нето плата во Република Македонија за последната година, помножена со коефициент 0,01, за 50% од површината на градежната парцела.
Легализација на бесправно изградени објекти надвор од ГУП и ДУП
- индивидуални станбени згради, викендици и слично 1 евро/м2;
- стопански ииндустриски објекти, настрешници 150 денари/м2;
- деловни, трговски, угоститетлски и услужни дејности 300 денари/м2.
Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk