Начин на поднесување на барање за пристап до информации
- Hits: 5997
Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Општина Виница е обврзана да овозможи слободен пристап до информации од јавен карактер.
Барателот пристапот до информацијата може да го бара усно, писмено или во електронски запис, при што барањето поднесено во електронска форма се смета за писмено поднесено барање.
Писменото Барање може да се поднесе до Општината непосредно во архивата; преку пошта на адреса на Општината (ул. Бел Камен, бр.13, Виница), како и да се поднесе во електронска форма (преку е-маил:
Барањето за пристап до информација од јавен карактер може да се поднесе на утврдениот Образец на Барање (даден подолу) или на обичен лист хартија, но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барателот не е должен да го образложи барањето.
Во случај кога барањето е поднесено од страна на овластен полномошник, кон барањето треба да биде приложено уредно полномошно.
Кога барателот бара пристап до информација со усно барање, службеното лице составува записник за тоа.
Подносителот на барањето може да се информира за сите прашања од интерес поврзани со остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, кај службеното лице: Зоран Манчевски чии податоци за контакт се дадени подолу.
Образец / барање
Образец / жалба
Закон за слободен пристап на информации од јавен карактер
Лице одговорно за давање на информации од јавен карактер
Зоран Манчевски
тел. 078 496-645
mail:
- Годишен извештај за слободен пристап до информации од јавен карактер за периодот од 01.01.2019 до 31.12.2019. Извештај;
- Годишен извештај за слободен пристап до информации од јавен карактер за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020. Извештај;
- Годишен извештај за слободен пристап до информации од јавен карактер за периодот од 01.01.2021 до 31.12.2021. Извештај;
- Годишен извештај за слободен пристап до информации од јавен карактер за периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022. Извештај;
- Годишен извештај за слободен пристап до информации од јавен карактер за периодот од 01.01.2023 до 31.12.2023. Извештај.