Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Градоначалник Митко Костадиновски

Митко Костадиновски е роден на 9 мај 1978 година во Штип. Основното образование го завршува во ООУ „Славчо Стојменски“ во Виница, а средното гимназиско образование во СОУ „Ванчо Прке“ – Виница. Високото образование го продолжува на Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович“ во Свети Николе, каде што дипломира и се стекнува со титулата дипломиран економист – менаџер. Работната кариера ја започнува во 2003 година во ЈП „Солидарност“ – Виница, каде што е ангажиран до 2008 година. Во периодот од 2008 до 2024 година професионално е посветен на работата во Шумската полиција при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во 2024 година е назначен за началник на Шумската полиција на Република Македонија, функција што ја извршува до 2025 година.
Покрај професионалниот ангажман, активен е и во локалната самоуправа. Во два изборни циклуси, од 2009 до 2017 година, Костадиновски е член на Советот на Општина Виница.Тој поседува многу професионални и лични вештини, како:
• Одлични организациски и менаџерски способности,
• Унапредени комуникациски и меѓучовечки вештини,
• Вештини за раководење со тим и координација на работни процеси, стретешко планирање и донесување одлуки,
• Висока одговорност,дисциплина, професионална етика,проактивност и организација кон резултати.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk