Спортски асови 2025

🏆 Општина Виница успешно ја реализираше манифестацијата „Спортски асови 2025“ 🏆
Спортот не е само физичка активност – тој е вредност што ја обединува заедницата, гради здрави навики и создава силни поединци кои се огледало на нашето општество.
На манифестацијата „Спортски асови 2025“ беа доделени плакети, благодарници и признанија на најуспешните спортисти, спортски екипи и спортски работници за нивните постигнувања во изминатата година. Добитниците беа избрани врз основа на Јавниот повик бр. 10-15, објавен на 09.01.2026 година.
🏅 Добитници на плакети:
• Плакета за Најдобар спортист за 2025 – Давид Ристов
• Плакета за постигнување високи меѓународни резултати во спортот – Лука Змејковски
• Плакета за Млад надежен спортист – Лука Гошев
• Плакета за Најдобра спортска екипа – ГФК „Слога 1934“
• Плакета за Млада надежна спортистка – Јана Колишева
• Плакета за Животно дело во спортот – Виница – Влатко Гошев
🤝 Благодарници за унапредување на спортската култура и спортскиот дух:
• Бадминтон клуб „Винчини“
• Кошаркарски клуб „Винеам“
• Филип Атанасов
• Благој Ристов
🏅 Признанија за постигнати високи резултати во спортот:
• Никола Цветанов
• Христијан Илиев
• Петар Захариев
Оваа година, за првпат, беше доделена и новата награда „Животно дело во спортот на Виница“, како трајно признание за посветеност и значаен придонес во развојот на спортот во нашата општина.
Општина Виница и понатаму ќе продолжи да го поддржува спортот и да ги вреднува спортските успеси и спортскиот дух кај младите и возрасните.