Биди корисен, биди волонтер

Согласно Програмата за образование на Општина Виница за 2025 година, беа реализирани 14 волонтерски акции во училиштата во Општина Виница со САМО 126 000 денари од граѓаните на Општина Виница преку буџетот на Општината. Со јавен оглас за волонтерски акции објавен од страна на Општина Виница и апликација за реализација на волонтерски акции се пријавија 14 волонтерски тимови од страна на ООУ „Гоце Делчев“ – Виница, со седум апликации, ООУ „Славчо Стојменски“ – Виница, со три апликации и ООУ „Кочо Рацин“ – с.Блатец – Виница, со четири апликации. Сите апликации се одобрени од Комисија за разгледување и одобрување на барањата и сите четиринаесет волонтерски акции се успешно реализирани со постигнување на целите и очекуваните резултати.
Со училишните волонтерските акции се овозможува промоција на тимска работа помеѓу учениците, учениците, наставниците, стручната служба и менаџментот на училиштете преку заедничко планирање, координација и реализација како и отчетност преку финален извештај. Соработката со општината преку постојана координација во врска со апликациите на вработени одговорни лица и соработката со бизнис секторот и поединци донатори е модел на општественa одговорност во заедницата. Тоа е процес на практикување на другарство и соработка, развивање на креативноста и инвентивноста на учениците, поголема самодоверба во донесување на одлуки на ученците за креирање на Општина Виница како место за растење на децата. Вештините кои учениците ги имаат ги изразуваат преку волонтерските акции како и вредностите кои се однесуваат на дисциплина во реализација, успешност и задоволство од реализацијата на акциите а за потребите и општото добро на учениците, наставниците, родителите и посетителите како и пошироката заедница.
Резултатите од волонтерските акции се видливи во училиштата и затоа се поттик за нови проекти и иницијативи заедно со општината, бизнис секторот и здруженија на граѓани.