За смеата ќе се погрижи Бојан Велевски

🎤 Подгответе се за вечер исполнета со многу смеа!
Во рамки на одбележувањето на Павловден, Општина Виница и Домот на култура „Тошо Арсов“ ве покануваат на Stand Up Comedy Night со еден од најпознатите македонски стенд-ап комичари – Бојан Велевски.
Ве очекува вечер исполнета со хумор, позитивна енергија и незаборавна забава.
📅 14 јули (вторник) 🕗 20:00 часот 📍 Сина сала – Дом на култура „Тошо Арсов“, Виница 🎟️ Влезот е бесплатен!
Повелете и бидете дел од оваа комична вечер. Понесете добро расположение, а за смеата ќе се погрижи Бојан Велевски!