Технички збор – презентација на воена опрема

Денес одржавме работен состанок со претставници на Вториот пешадиски баталјон од Штип, посветен на подготовките и организацијата на претстојниот настан „Технички збор“ – презентација на воена опрема и способности на македонската армијa, кој ќе се реализира во рамките на програмата за одбележување на 82 години од ослободувањето на Виница. Убеден сум дека, со професионалноста, дисциплината и посветеноста што ја карактеризираат македонската армија, ќе организираме настан кој на граѓаните, особено на младите, ќе им овозможи одблиску да се запознаат со капацитетите на Армијата и ќе придонесе за зајакнување на чувството на припадност, патриотизам и почит кон институциите што ја гарантираат безбедноста на нашата држава. На состанокот разговаравме и за повеќе конкретни идеи за понатамошна соработка, преку заеднички активности од областа на одбраната и безбедноста, едукацијата и поддршката на локалната заедница. Верувам дека ова партнерство ќе продолжи да се развива во интерес на граѓаните и на Општина Виница.