Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Павловденски видувања

Во рамките на Павловденските свечености се одржа манифестацијата „Павловденски видувања“, во организација на Здружението на пензионери од Виница. На манифестацијата учествуваа здруженија на пензионери од повеќе градови низ Македонија, кои преку песна, игра и богата културно-уметничка програма придонесоа за создавање на прекрасна атмосфера. Оваа година настанот се реализираше по втор пат, со желба да прерасне во традиција. Пензионерите се чувари на богатото животно искуство, културното наследство и традиционалните вредности, кои со љубов и достоинство ги пренесуваат на помладите генерации, збогатувајќи го културниот живот на нашата заедница. Прекрасните настапи на сите учесници, исполнети со енергија, харизма и ведар дух, ја воодушевија публиката и никого не оставија рамнодушен. На крајот од манифестацијата, претседателката на Здружението на пензионери – Виница, Павлина Ангелова, во знак на благодарност за успешната соработка, им додели признанија на сите институции, организации и поединци кои со својата посветеност и несебичен ангажман придонесуваат за реализација на бројни активности и настани за пензионерите, овозможувајќи им активно, достоинствено и исполнето пензионерско живеење.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk