Второ терестичко третирање против комарци

📢Согласно Програмата за јавно здравје на населението во Општина Виница за 2026 година, на 17.07.2026 година (Петок) во околу 02.00 – 03.00 часот по полноќ, ќе се спроведе второ терестичко третирање против комарци на територијата на Општина Виница. Во втората фаза со дезинсекција ќе бидат опфатени површини во градот Виница и населените места во општината. Третирањето ќе се врши од земја, со специјално возило и со препарат одобрен од Агенцијата за лекови (МАЛМЕД) – Aqua-K-Othrine® Insecticide Space Spray Concentrate.
🐝 Се известуваат пчеларите во Општина Виница навремено да преземат соодветни мерки за заштита на своите пчелни семејства.
📌 Доколку временските услови не дозволат третирањето да се изврши на наведениот датум, истото ќе биде спроведено наредниот ден.