Стенд-ап комедија на Бојан Велевски

Во рамки на Павловденските свечености, синоќа во Сината сала при Домот на културата „Тошо Арсов“ беше одржана стенд-ап комедија на познатиот македонски комичар Бојан Велевски. Бројната публика имаше можност да ужива во вечер исполнета со смеа, позитивна енергија и одлична забава. Со својот препознатлив хумор, Бојан Велевски уште еднаш потврди дека знае како да ја насмее публиката и да создаде незаборавна атмосфера. Настанот беше дел од програмата за одбележување на празникот на градот – Павловден, која и оваа година понуди разновидни културни и забавни содржини за граѓаните на Виница.