Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Асфалтирањето на локалниот пат Блатец – Детлово (втора фаза)

Уште еден капитален инфраструктурен проект успешно го реализираме – завршуваме со асфалтирањето на локалниот пат Блатец – Детлово (втора фаза). Следува уште комплетирање на сообраќајната сигнализација. Со реконструкцијата на локалниот пат од село Блатец до месноста Детлово е решен долгогодишен инфраструктурен проблем, пред сè за жителите на село Блатец, но и за сите земјоделци кои ги обработуваат своите површини од двете страни на оваа патна делница. Со реализацијата на овој проект се заокружува реконструкцијата на целата релација Блатец – Детлово. Од вкупната должина од 5,5 километри, претходно беа реконструирани 3 километри, а со реконструкцијата на преостанатите 2,5 километри целосно е завршена оваа значајна сообраќајна врска. Вкупната вредност на проектот изнесува 25.635.100 денари, средства обезбедени од Министерството за транспорт преку владиниот повик за инфраструктурни проекти, како и со учество од Буџетот на Општина Виница. Продолжуваме посветено да инвестираме во модерна инфраструктура и во проекти што го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните и создаваат подобри услови за локален развој.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk