Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Поплочувањето во Виница

Го продолжуваме силното инфраструктурно темпо и секојдневно реализираме проекти што значат подобри услови за живот во сите делови на Општина Виница. Со нови инвестиции во улици, тротоари и јавни површини, чекор по чекор создаваме поуредена, побезбедна и пофункционална средина за сите граѓани. По поплочувањето на улиците во населените места Истибања и Градец, продолживме со поплочување на потесни и помали улици во Виница. Денес ги завршуваме работите на пет краци од улици, како и поплочувањето на паркинг-просторот на улицата „Илинденска“. Со овој проект во Виница се поплочени околу 2.500 м² површина. Средствата за реализација на проектот, кој опфаќа поплочување на улици и тротоари во Виница и населените места, во вкупна вредност од 5,7 милиони денари, се обезбедени од Буџетот на Општина Виница.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk