Сите вести
Кастрење на дрва
- Hits: 152

После долг временски период денес започнавме со кастрење на дрвјата долж булеварот Маршал Тито. Воедно, ќе се работи и на целосно сечење на стари проблематични дрвја по проценка и решение издадено од Комисијата за сечење на дрвја по јавно прометните површини.
Кастрењето и сечењето на дрвјата се долготрајни процеси и спаѓаат меѓу потешките операции кои ги извршува ЈП „Солидарност“. Од тие причини, ги замолуваме граѓаните да имаат разбирање, а посебно возачите да бидат трпеливи и да не ги паркираат автомобилите доколку забележат дека на местото ќе се работи на кастрење или на сечење проблематични дрвја.