Сите вести
Еколошка акција за почисто и позелено Блатец
- Hits: 135

Еколошкото друштво „За Чисто Блатец“ денес успешно реализираше акција за пошумување со црн бор, на локацијата над селото, позната како „кај бурето“.
Со заеднички труд и позитивна енергија, беа засадени повеќе од 500 дрвца, со што направивме уште еден значаен чекор кон почиста и поздрава животна средина.
Голема благодарност до:
• Градоначалникот на Општина Виница за поддршката
• Ресторанот „Кај Аџи“ за обезбедената пијачка за сите присутни
• Vincini за грицките и освежувањето за учесниците
• DPD Виница како и претседателот на Ротари клуб Виница–Кочани, кои ги обезбедија дрвцата и беа дел од акцијата
Оваа иницијатива сакаме да прерасне во континуитет, затоа што само со заедништво можеме да создадеме подобра иднина.
🌱 Со пошумување се гледаме повторно напролет! 🌱