Сите вести
Национална конференција за безбедност на сообраќајот
- Hits: 136

На вчерашната Национална конференција за безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа организирана од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, ја потпишав Декларацијата за безбедност во сообраќајот на патиштата.
Со декларацијата се обврзавме сите чинители во општеството да се обединиме за поголема безбедност во сообраќајот и за заштита на животот на сите учесници. Имаме обврска да дадеме свој придонес во подигањето на свеста кај населението за важноста од почитување на правилата во сообраќајот.
Почитувајќи ги правилата, секој од нас придонесува за намалување на бројот на сообраќајни жртви, бидејќи тоа не се само статистички бројки – тоа се човечки животи.
Апелирам сите да ги почитуваме сообраќајните правила, бидејќи со тоа директно го штитиме сопствениот живот и животите на другите. Да изградиме побезбедни улици со одговорно однесување, меѓусебна почит и грижа за секој човек.