Сите вести
Изработка на сообраќаен проект
- Hits: 318

Овој ден започнавме со реализација на уште едно предизборно ветување, Изработка на сообраќаен проект за поголемиот дел од град Виница.
Заедно со стручни лица од општината, припадници на МВР и проектанти на лице место извршивме увид на тесните грла во градот кои со обнова и измена на постоечкиот режим на сообраќај ќе станат минато.
Со изработката на сообраќајниот проект исто така ќе се обезбедат повеќе паркинг места, ќе се постават заштитни столбчиња низ целиот град на забранетите места за паркирање, ќе се обновува целата хоризонтална и вертикална сигнализација, како и поставување на лежечки полицајци и зони на смирен сообраќај каде е потребно.
Покрај градот ќе бидат опфатени и неопходните работи за зголемена безбедност во сообраќајот на сите учесници и во селата.