Сите вести
Промоција на романот „Едно лето на Никола“
- Hits: 290

Во организација на ЈОУ Библиотека „Ванчо Прке“ – Виница, во топла и пријатна атмосфера, се одржа промоција на романот „Едно лето на Никола“ од авторот м-р. Марјан Патлиџанковски. Романот зборува за едно лето исполнето со младешка искреност, љубов, носталгија и човечност – приказна во која секој читател ќе се пронајде.
Промотор на делото беше д-р.Лилјана Пандева, која низ своето инспиративно излагање успеа да го доближи творештвото на авторот до љубопитната детска публика и да ни ја долови длабочината и топлината на ова книжевно дело.
🎶 Настанот беше збогатен со прекрасен музички настап на децата од Школото за гитара, под раководство на г-дин.Славко Горгиев , кои со своите изведби внесоа дополнителна убавина и емоција.
Голема благодарност до Домот на култура „Тошо Арсов“ – Виница за соработката и поддршката, како и до сите љубители на книгата и пишаниот збор кои беа дел од овој културен настан.
📖 „Едно лето на Никола“ е роман кој потсетува дека секое лето носи своја приказна, спомени и емоции што остануваат засекогаш во срцето.