Сите вести
Регулација на Кајанечки дол во село Истибања
- Hits: 320

👉 Благодарение пред се на Владата на Република Македонија во Општина Виница се одвива градежна офанзива како никогаш до сега!
➡️ Овој пат сме на увид на почетокот на градежните работи на уште еден капитален проект, регулација на Кајанечки дол во село Истибања. Станува збор за изградба на отворен канал со вкупна должина од 870 метри и ширина од 5 метри и изградба на 2 мостови со што ќе се овозможи превенција и ублажување на последиците од поплавите од природните катастрофи, заштита на населението од поплави и зачувување на природната околина. За овој Капитален проект во вредност од 19,5 милиони денари финансиските средства се обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање.
✅️ Во моментот има десетици проекти кои се во тек на територијата на Општина Виница, изградба на улица во Црн Камен, реконструкција на улица „Страшо Пинџур“, во завршна фаза се реконструкцијата на сите детски игралишта во Виница, уредување на кејот на Градечка река, во завршна фаза е дорегулацијата на Градечка река, тампонирање на пристапен пат до земјоделски површини во Виничка Кршла, во завршна фаза е градскиот пазар каде моментално се работи на партерното уредување, поставување урбана опрема и ограда, поставување на лед светилки во Ромско маало...
🔜 Градежната офанзива ќе се засили бидејќи склучени се договорите и овие денови ќе ги воведеме во работа изведувачите на проектите, изградба на улица во Јакимово, изградба на улица во Блатец, реконструкција на главната улица во Градец, довршување на локалниот пат Блатец-Детлово, реконструкција на водоводна и канализациона мрежа на улица „Ванчо Прке“ по што веднаш ќе следува и нејзина реконструкција, реконструкција на улиците „Раде Кратовче“,„Кочо Рацин“, „Пролетерска“ и „Ѓорче Петров“, ново модерно и сензорно осветлување на градскиот парк, реконструкција на кровот на административната зграда, реконструкција на кровот во ОУ „Никола Парапунов“-Драгобраште.