Сите вести
URBACT Pioneers Accelerator програма
- Hits: 741

Општина Виница е меѓу 27 градови и општини од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Србија избрани како дел од програмата URBACT Pioneers Accelerator.
URBACT е програма за европска територијална соработка, активна од 2002 година, која им помага на градовите да развијат одржливи решенија за урбаните предизвици преку вмрежување, споделување знаење и градење капацитети. Програмата е кофинансирана од Европскиот фонд за регионален развој (ERDF) со буџет од 79.769.000 евра, од Инструментот за претпристапна помош (IPA) со буџет од 5.000.000 евра и од Инструментот за соседство, развој и меѓународна соработка со буџет од 2.000.000 евра за периодот 2021–2027 година.
Преку URBACT Pioneers Accelerator, нова програма за учење по мерка, URBACT им овозможува на градовите од земјите кориснички на IPA да се справат со предизвиците на одржливиот урбан развој.
Овие пионерски градови се справуваат со итни урбани предизвици низ шест основни теми: развој на одржлив туризам, урбана природа (заштита на животната средина), социјална инклузија, работни места и поддршка на мали и средни претпријатија, одржлива мобилност и управување со отпад, со посебен акцент на ефикасни пристапи кон комуникација и вклучување на засегнатите страни.
За повеќе информации преземете .