Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

Хуманитарен баскет турнир 3х3 – Виница

Вчера, во организација на ООЦК Виница и К.К. „Винеам“ – Виница, се одржа незаборавен хуманитарен турнир во баскет! Целта беше една – да покажеме дека човечноста сè уште живее меѓу нас. 🙌
Со своја енергија и радост на настанот придонесе и тимот од Едукативно-забавниот центар „Детелина“, анимирајќи ги сите дечиња кои нè посетија 🌈
Дополнителна доза позитивна енергија донесе и динамичната зумба изведба од KG Dance Fit Studio, кои ги размрдаа сите присутни 💃🔥
За освежување се погрижи кафе бар „Кул” со штанд полн со ладни пијалаци ☀️
💸 Собраните средства од турнирот ќе бидат наменети за помош на повредените во трагичниот пожар во Кочани.
🙏 Хуманоста не познава граници. Кога народот се обединува за вистинска цел – се случуваат големи дела!

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk