Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

Спортски асови за 2024 година

Општина Виница ја реализираше манифестацијата „Спортски асови за 2024 година“.
Спортот не е само физичка активност, туку тој е многу повеќе, од една страна ја обединува заедницата а од друга страна создава здрави и силни луѓе кои се слика на нашето општество. Општина Виница и јас како градоначалник сме многу горди на сите активни спортисти, бидејќи на ваков начин го афирмираат спортскиот дух и спортската култура на општина Виница, а со тоа ги мотивираат младите да се занимаваат со спорт.- во своето воведно обраќање истакна градоначалникот Миле Петков.

На вчерашната манифестација беа доделени пехари и признанија за нај успешните во спортот во изминатата година:
1.Најдобар спортист – Лука Змејковски
2.Најдобар тренер – Дарко Гоцевски
3.Најдобра екипа – ГФК Слога 1934
4.Најдобра млада надежна спортистка – Стефанија Веселинова
5. Најдобар млад надежен спортски работник – Петар Захариев
6. Признание за најдобар долгогодишен спортски работник по реформирањето на Слога 1934 – Зоран Васевски
7.Признание за особен придонес за развој на фудбалот во Општина Виница - Драгослав Здравков – Ледер
Признанија за постигнати високи резултати и промовирање на општината во областа на спортот, се доделени на :Анастасиј Гоцевски, Нина Колева, Анастасија Андонова, Нела Пертеска и Борис Митревски.
Настанот беше збогатен со прекрасни музички настапи на MOZZARTINO VOCAL STARS.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk