Сите вести
Почит кон херојот Капетан Кирчо Димитриов
- Hits: 207

Општина Виница и Организацијата на Резервни офицери гордо и достoинствено цели 24 години го одбележува овој датум со сите почести кои ги заслужува еден херој како нашиот Капетан Кирчо Димитриов.
04 март 2001 година е датумот кога загина Капетан Кирчо Димитриов, припадник на АРМ кој го загуби својот живот во војната во 2001 година во Танушевци на м.в. Рамно, заедно со својот колега водник Дејан Јакимовски од Куманово и водник Теодор Стојановски од Драчево, бранејќи го суверенитетот и интигритетот на Република Македонија.
Одбележуваме 24 години од војната во Македонија во која загинаа 75 припадници на безбедносните сили на Република Македонија и во нивна чест, им оддаваме почит на сите наши бранители, кои пролејаа крв на ова парче македонска земја.
Вечна им слава на Капетан Димитриов и на сите загинати бранители!