Сите вести
Хуманитарна лицитација во организација на Црвениот крст
- Hits: 257

📅На 25 април 2025 година, со почеток во 17:30 часот, во кино салата во Виница ќе се одржи хуманитарна лицитација во организација на Црвениот крст – Општинска организација Виница.
📚Ќе се лицитираат книги, уметнички дела, рачни изработки, значајни верски предмети и други вредни предмети донирани од локални автори, уметници, мали бизниси и институции.
👉Собраните средства ќе бидат наменети за внатрешно реновирање на куќа на семејство од Липец.
🤍Да покажеме хуманост на дело – секој придонес е значаен!
📞Пријавување на лицитатори на 076-351-601