Сите вести
Дорегулација на Градечка река
- Hits: 407

Според предвидената динамика се одвиваат градежните работи на проектот Дорегулација на Градечка река во горниот дел на реката во Виница. Со завршување на овој проект, со кој се планира уредување на мајор корито во должина од околу 300 метри и минор корито во должина од околу 700 метри, целосно ќе се заврши со регулација на речното корито на Градечка река кое поминува низ градот. Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од Програмата за користење на капитални дотации за финансирање на инвестициони проекти на општините на Владата на Република Македонија.