Сите вести
Генералка Викенд 25
- Hits: 347

Општина Виница и годинава учествуваше во најголемата еколошка акција во државата, „Генералка Викенд 25“. Еколошката акција во Виница се одржа денеска и се расчистуваше на повеќе локации. Во акцијата учествуваа вработени во општинската администрација, ЈП “Солидарност”, ученици од основните и средното училиште и вработени во ЕВН 1 Кочани. Со своја донаторска дејност, механизација за отстранување на отпад, за реализирање на еколошката акција се приклучија и приватната компанија од Виница Гранд Уни Инвест како и ЕВН 1Кочани. Во интерес на заштита на животната средина над 500 учесници собираа комунален отпад. На локациите кои денес се исчистени и отстранети дивите депонии ќе биде поставено видео надзор со цел спречување на повторно создавање на диви депонии а евентуалните сторители ќе сносат одговорност.