Сите вести
Осумдесет години Црвен крст во Македонија
- Hits: 365

Општинската организација на Црвен крст од Виница го одбележа јубилејот 80 години од формирањето на Црвениот Крст во Македонија.
Настанот се одржа во Сина сала при Дом на култура „Тошо Арсов“ Виница.
Пред присутните со пригоден говор се обрати градоначалникот на Општина Виница Миле Петков, на кого му беше врачено јубилејно признание во знак на почит и благодарност за несебичната поддршка, низ осум декадниот период.
На настанот беше истакната историската улога на оваа институција низ годините, во обезбедувањето на хуманитарна помош и поддршка на граѓаните, особено во кризни состојби и елементарни непогоди.