Сите вести
Водици 2025
- Hits: 332

Бог се јави! Навистина се јави!
Градоначалникот на Општина Виница во негово име и во име на Опшина Виница, на сите православни христијани им го честита големиот христијански празник Богојавление- Водици!
Славејќи го Христовото крштевање ја славиме верата и животот во вера.Со осветување на водите ја укажуваме вековната традиција на зацврстување на верата, но и на меѓусебното почитување и разбирање, толеранција и единство.
Светиот Крст да донесе здравје, среќа, љубов, мир и благосостојба во сите домови!
Нека е честит и вековит празникот Богојавление- Водици!
Најсреќни меѓу најхрабрите оваа година се:
- Ангел Ангелов,Виница,
- Александар Петров, с.Драгбраште,
- Даниел Јованов, с.Истибања,
- Бобан Атанасов, с.Јакимово,
- Виктор Анастасов, с.Блатец,
- Андреј Гоцевски, с.Лески,
- Давид Захариев, с.Трсино,
- Столе Илиевски, с.Градец,
- Јовица Трајчев, с.Пекљани,
- Ѓеро Насев, с.Липец.
Им посакувам пред се многу здравје, среќа, благосостојба и успеси!
Бог се јави!
Навистина се јави!