Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

Промоција на книгата „Кајмак Стојна"

ЈОУ Библиотека ,,Ванчо Прке" вчеравечер ја промовираше книгата „Кајмак Стојна". Станува збор за роднокрајно дело чиј автор е д-р Јован Манчевски, издавач ЈОУ Библиотека „Ванчо Прке" Виница, лектор професор Марика Симова, рецензент Верица Тодорова и уредник директорката Лилјана Капевска. Делото е историски роман од подалечното минато на македонскиот народ. Во романот се застапени автентични ликови, со содржина која отсликува: љубов, борба, трагика од едно време-невреме. Романот предизвика големо внимание, а за тоа сведочеше присуството на многубројната публика. Промоцијата беше збогатена со хорот при Здружение на пензионери - Виница, кој исполни староградски и патриотски напеви, како и најновата песна посветена за Виница. Покровител на настанот беше компанијата „Макпрогрес".

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk