Сите вести
Еднократна парична помош за запишано прваче
- Hits: 501

Еднократна парична помош за семејствата со запишано прваче во учебната 2024/2025 година на територија на Општина Виница На последната редовна седница, која се одржа на 23.08.2024 година (петок), Советот на Општина Виница ја изгласа Предлог – одлуката за доделување еднократна парична помош за семејства со запишано прваче во учебната 2024/2025 година, во износ од 3000 денари. Средствата за оваа намена ќе се издвојат од буџетот на Општина Виница за 2024 година. Еднократната парична помош ќе се доделува врз основа на обезбедени податоци од општинските основни училишта за запишани првачиња во 2024/2025 година. Податоците за запишани првачиња треба да содржат име и презиме на првачето со матичен број, копија од лична карта од еден родител и копија од трансакциска сметка на родителот. За учебната 2024/2025 година во основните училишта на територија на Општина Виница се запишани вкупно 112 првачиња.