Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

Петдневна програма по повод ослободувањето на Виница

Почитувани,
По повод 80 години слободна Виница подготвивме богата петдневна програма, која ќе започне од 28 август и ќе финишира на 01 септември со Чупино Треил.
Централниот настан со музички хепенинг на плоштад „Ангел Винички“ ќе се одржи на 30 Август, денот кога Виница е ослободена од фашистичкиот окупатор.
И оваа година бидете дел од убавите случувања во нашиот град!

80 ГОДИНИ СЛОБОДНА ВИНИЦА
28 Август – 01 Септември

ПРОГРАМА

28.08.2024, Среда
-10:00 часот - положување свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци во НОВ во с.Блатец
-10:30 часот - коктел и средба со месното населени во центарот на с.Блатец

29.08.2024 ,Четврток
- Слава во с.Јакимово и Храм Св.Јоаким Осоговски
-12:00 часот - музички настап на група „Хармонија“
20:00 часот - Дом на култура „Тошо Арсов“ Виница
„Интердисциплинарен настан во чест на младите“ во изведба на „Mass Academy“ од Делчево

30.08.2024, Петок
10:00 часот - положување свежо цвеќе пред спомен бистата на Кирил Михајловски – Груица
10:00 часот - положување свежо цвеќе пред спомен бистата на Ванчо Прке
10:30 часот - положување свежо цвеќе пред спомен бистата на Тошо Арсов
10:30 часот - положување свежо цвеќе пред спомен бистата на Славчо Стојменски

30 АВГУСТ – 80 ГОДИНИ СЛОБОДНА ВИНИЦА
Музички хепенинг на плоштад „Ангел Винички“ Виница

19:00 - 19:30 - настап на ФА „КИТКА“
19:30 - 20:45 - настап на MOZZARTINO VOCAL STARS,
20:45 - 22:15 - настап на HASHTAG BAND
22:30 - 00:00 - настап на Влатко Лозаноски ЛОЗАНО
00:00 - 00:30 - настап на Billy Esteban
00:30 - 01:30 - настап на Mod Heads

31.08.2024, Сабота
-12:00 часот - „Средба на роднокрајни автори од Виница“ – ЈОУ Библиотека „Ванчо Прке“ Виница, во изложбен салон Дом на култура „Тошо Арсов“ Виница
- 19:00 часот - Театарска претстава за деца „Книголандија“ , Кино сала Виница.

01.09.2024, Недела
Чупино траил 2024 - Градски парк Виница
06:00 - 07:45- Отворање на настанот и старт на трките
08:15 - 16:00 -Целодневен музички хепенинг со DJ ERICK
11:00 - 11:30 - „Роки детски трки“
17:00 - 18:00 - Концерт на Mod Heads
18:00 - 19:30 - Концерт на Јордан Манов & The Band

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk