Сите вести
Cafе De Anatolia
- Hits: 382

Светски а наши! Cafе De Anatolia!
На наше големо задоволство, денес се сретнавме и поразговараме со дел основоположниците на продукциската куќа Cafe De Anatolia, Моника и Никола. Моника Илиева и Никола Илиев заедно со нивниот татко Зоран Илиев, од Истибања, ја основале продукциската куќа за менаџирање артисти во 2017 година, и од тогаш бележат беспрекорно добри резултати. Веќе се светски изграден и препознатлив бренд, кој не затанува, туку продолжува да го исполнува етерот со звуците кои ги произведуваат и негуваат. Како продуцентска куќа имат освоено многу награди, но како што кажаа тие самите, посебно се радосни бидејќи како општина го препознавме нивното работење и им доделивме „Плакета за посебен придонес и афирмирање на Општина Виница во областа на музиката“. Од срце се радувам за вакви млади и успешни луѓе, кои светот го имат на дланка а сепак се наши луѓе кои цврсто се држат за коренот од каде потекнуваат.