Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

Пожари во Источниот дел на Македонија

Денес Општинскиот кризен штаб одржа седница поради актуелната состојба со пожарите во Источниот дел на Македонија и на територијата на Општина Виница.
На состанокот се разгледа моменталната ситуација на територијта на Општина Виница со пожарите кои за среќа и поради брзата интервенција на ТППЕ Виница и ДПД Виница, како и локалното месно население беа локализрани експресно.
Овој период беше локализиран еден поголем шумски пожар над с.Градец, како и два во текот на вчерашниот ден во близина на с.Липец, но и десетици од помал обем во градот и населените места.
ТППЕ Виница и ДПД Виница исто така учествуваа во гасење на поголемите пожарите од кои има сеуште активни во Светиниколско, Пехчево и м.в. Главовица.
Исто така беше нотирано дека шумите се покриени од страна на Македонски шуми со вработени кои патролираат константно, но и дека МВР врши превентивни акции за заштитата од пожари во градот и населените места.
На состанокот речиси едногласно се донесе и заклучок дека поголем дел од пожарите намерно се потпалуваат поради тоа МВР апелира доколку луѓето поседуваат било какви индиции за некои сторители или забележат движење во шумите од неовластени лица веднаш да пријават на тел. бр.070/325-839 во Полициска станица Виница или на 192 или во Шумска полиција на броевите 112 или 193.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk