Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

Посета од Амбасадорот на ЕУ

Општина Виница денес беше посетена од Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир.
Како дел од Програмата за посета на општини, по личен избор на Амбасадорот нашата општина се најде на неговата листа, со што тој го завршува својот четиригодишен мандат.
Според агендата, тој одржа работна средба со градоначалникот на Општина Виница Миле Петков, водеше интересна и позитивна дискусија со членовите на Советот на Општина Виница, како и отворена дебата со граѓани.
Амбасадорот Гир го посети и мултимедијалниот простор во основното училиште „Славчо Стојменски“, реновиран со средства од ЕУ, а се запозна и со дел од историјата на градот и неговата околина, преку артефактите изложени во Музејот Теракота.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk