Сите вести
Свечено отворање на Кино салата
- Hits: 478

Свечено отворање на Кино сала, Дом на култура “Тошо Арсов” Виница. 12.07.2024 година (петок) со почеток од 20:00 часот. Општина Виница, изминатиов период интензивно работеше на многу проекти, меѓу кои еден од нив беше „Реконструкција на старата Кино сала“ кој резултираше со возобновување на објектот, претворајќи го во современа Кино сала, дизајнирана и опремана по светски стандарди.
Искрено се надеваме дека со оваа капитална инвестиција ќе ја вратиме кино културата во Виница.
Средствата за овој проект вреден19.777.546 денари се обезбедени 50% од Буџетот на Општина Виница и 50% од Центарот за развој на Источно плански регион.