Сите вести
Патронат ,,Славчо Стојменски" Виница
- Hits: 546

Основното училиште ,,Славчо Стојменски" Виница го прослави својот патронат.
Одбележувањето на патрониот празник започна со свечена академија која се одржа вчера во спортската сала на училиштето. Учениците од ова училиште се претставија на прекрасен и уникатен начин преку интерпретација на безвременски песни, ора, рецитали и своевремени песни.
Свое обраќање кон присутните и изразување јавна благодарност на наставниот кадар, стручниот персонал и сите вработени во училиштето, за нивното несебично, колегијално, добро работење и вложување напори училиштето да се развива секојдневно упати директорот на училиштето Горан Иванов.
Чествувањето продолжи со положување на свежо цвеќе денес пред спомен бистата на патронот, од страна на училишна делегација, ученици, делегација од Локалната самоуправа. Потоа продолжи со многубројни спортски натпревари.