Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Генералка викенд 2024

На 17 мај,петок, Oпштина Виница ќе се вклучи во реализација на најголемата национална акција за чистење и селектирање отпад – Генералка викенд 2024. Во акцијата ќе учествуваат вработените во ЕЛС на Општина Виница, ЈП „Солидарност“ и сите општински основни и средното училиште. Акцијата ќе започне во 9 часот, на неколку локации на територија на град Виница и во сите населени места. Локации: околу затворената депонија во с.Лески, посматрачница, Светиот крст и Виничко кале. Акцијата е една од активностите кои ги спроведуваме за да придонесеме во подигнување на јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпадот и позитивно да влијаеме за зачувување на животната средина. Да дадеме сите заедно масовна поддршка на оваа акција, и заеднички да ја подигнеме свеста за зачувување на чиста и здрава животна средина.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk