Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Одбележан 22 април - Ден на планетата Земја

Во општинските основни училишта во Општина Виница, вчера беше одбележан Денот на планетата Земја. Како една од активностите на иницијатива на Општинскиот стручен тим за безбедност на учениците во училиштата, беше проекција на едукативен еко филм за учениците, Земјата и нејзините еко системи се наш дом. За да се постигне рамнотежа, неопходно е да се сака и негува природата. Оваа активност е дел од Акцискиот план за Виница, кој се реализира во рамките на проектот „Младински активизам за позелени општини“, финансиски поддржан од @Delegation of the European Union, Skopje, спроведен од @Македонско здружение на млади правници, @Go Green - Биди Зелен, @Центар за климатски промени и @Младинска Асоцијација Креактив Кавадарци. Покрај оваа активност, наставниците заедно со ученицити спроведоа уште многу активности со кои сакаа да испратат порака до секоја единка да се погрижи за зачувување на планетата Земја. На креативен начин,со изработка на дела од рециклирачки материјали, цртежи, пишување на прозни и поетски творби...но со една и единствена порака „Да ја зачуваме планетата Земја“!

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk