Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Презентирана нова програма за кондиторство, пекарство и слаткарство

Тимот на Макпрогрес, Прогресив Академија и PrimePoint Partners ja преставија првата сертифицирана Винчини Академија пред присутните компании, средните технички училишта и други релевантни организации.
Прогресив Академија од Виница постојано го проширува својот делокруг. Во Развојниот центар Винчини, вчера беше презентирана нова програма за кондиторство, пекарство и слаткарство. Програмата на Винчини VET академијата за производители на кондиторски и пекарски производи официјално доби национална сертификација на 02.02.2024 година.
„Во соработка со„ Prime Point Partners“ успешно развивме материјали за обика и наставен план за серифицираната програма, која воедно е и прва програма во Македонија од вакаов профил. Оваа програма им овозможува на учесниците да учат од реномирани инструктори и да се вклучат во практична работа во најсовремениот центар за истражување и развој- Винчини“- вели Александра Кирилова, директор на Прогресив Академија.
На презентацијата свое обраќање имаше и г-дин Глигор Цветанов, извршен директор на компанијата Макпрогрес, кој истакна дека искрено се надева со имплементација на оваа програма ќе се даде позитивен одговор на потребите на компаниите за подобра иднина на прехранбениот сектор но и на општеството во целина. „Ние целиме да создадеме пат за подобро општество, каде квалификуваната работна сила е достапна и каде компаниите во прехранбениот сектор можат да го најдат неопходниот талент за своите потреби“.
Присутните имаа можност да се запознаат со модулите и наставниот план на програмата, со која се очекува да се надмине јазолот кој е се повеќе присутен на пазарот на труд, за кој говореше Фросина Мешкова.
Макпрогрес ДОО Виница, Фондација Прогресив Академија и Биотехничкиот Образовен Центар – Љубљана, имаат потпишано меморандум за соработка, а во рамки на новата програма истакнати професори од Биотехничкиот Образовен Центар – Љубљана ќе земат улога на предавачи во самите модули.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk