Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Договор за „Инсталација на фотоволтаични системи на јавни објекти“

Ќе се поставуваат фотоволтаични панели на Административната зграда во Општина Виница.
Градоначалникот на Општина Виница Миле Петков заедно со Центарот за развој на Источен плански регион, застапуван од Директорот Зујица Ангелова и Изведувачот „ТМ“ ДОО Штип, застапуван од одговорното лице Коле Тасев, денес потпишаа Договор за „Инсталација на фотоволтаични системи на јавни објекти“ во рамки на проектот „Инсталација на фотоволтаични системи на јавни објекти во Источно плански регион“.
Финансиските средства за реализирање на оваа инвестиција, дел се обезбедени од Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој и дел со ко-фонансирање од Буџетот на општина Виница, согласно Одлука за обезбедување на сопствено учество за проектот „Инсталација на фотоволтаични системи на јавни објекти во Источен плански регион“.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk