Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Изградба на градски пазар во Виница

Градоначалникот на Општина Виница Миле Петков денес го потпиша договорот за Изградба на градски пазар во Виница, со Изведувачот ДПТТГТУ „ЛАБИНО ТРЕЈД“ ДООЕЛ од Гостивар.
Изградбата на градскиот пазар беше проект кој започна предизборно,со неплатени сметки и не исполнување на обврските на претходниот изведувач.
Поради овие причини договорот со претходниот изведувач беше раскинат и наплатена банкарската гаранција за непочитување на договорот, по што проектот претрпи измени за пофункционалност и запазување на законски пропишаните паркинг места.
И конечно после спроведена јавна и транспарентна тендерска постапка, денес се склучи договор по измените на проектот со кој вкупното чинење на изградбата на затворениот градски пазар ќе изнесува 16 милиони денари.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk