Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Меморандум за соработка со Макпетрол АД Скопје за планирање и реализација на проектот „Крени глас против врсничкото насилство“

На иницијатива на Општинскиот стручен тим за безбедност на учениците во училиштата, Градоначалникот на Општина Виница Миле Петков, потпиша Меморандум за соработка со Макпетрол АД Скопје, чија главна цел е преку взаемна соработка на страните потписнички да се воспостави меѓусебна координација, планирање и реализација на проектот „Крени глас против врсничкото насилство“.
Активностите предвидуваат реализација на:
• Eдукативни предавања од страна на стручни лица во сите Основни училишта на територија на Општина Виница;
• Печатење и дистрибуција на едукативен материјал за тоа што претставува врсничкото насилство, како да го препознаеме и како да го спречиме за учениците од 6-то, 7-мо, 8-мо и 9-то одделение.
​Во таа насока во просториите на ООУ„Гоце Делчев“ – Виница од страна на стручни лица ангажирани од Општествено одговорната Компанија Макпетрол АД Скопје, се одржа предавање на тема врсничко насилство помеѓу учениците во училиштата, за ученици од 6-то, 7-мо, 8-мо и 9-то одделение од сите Основни училишта на територијата на Општина Виница (ООУ „Гоце Делчев“, ООУ „Славчо Стојменски, ООУ „Никола Парапунов“, ООУ „Кочо Рацин„).
​Вкупно учествуваа 105 ученика со претставници од стручните служби во училиштата.
​Во склоп на Кампањата на Макпетрол АД Скопје беа поделени и печатени промотивни материјали за сите ученици во основните училишта со цел едукација за тоа како да се препознае врсничкото насилство и кои се начините за негово спречување во училиштето и пошироко во заедницата.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk