Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Мулти- Медијалниот центар во ООУ „Славчо Стојменски“ Виница

Со пригодна приредба, свечено отворен и пуштен во употреба Мулти- Медијалниот центар во ООУ „Славчо Стојменски“ Виница. Овој проект се реализира со поддршка на Заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа РОМАКТЕД фаза 2, и е трет од низата проекти од програмата, по реализирањето на „Туторство за деца Роми од 2ро до 4то одделение во основно образование„ со цел зголемување на квалитетот на образование за овие деца кој беше намален како последица на пандемијата со КОВИД 19 и реконструкција и осветлување на игралиштето во Ромско маало.
- Денес е ден кога ги отвараме вратите на еден простор кој во последните 50 години не беше допрен, полуподрумски простор на кој успеавме со здружени сили да му дадеме нова димензија,нова душа. Успеавме да создадеме европски, модерен Мулти –медијален центар, центар во кој што ќе се организираат индивидуални средби, групна и тимска работа,работилници, посети , предавања, центар во кој ќе се работи и со деца со посебни потреби, итн. Благодарност изразувам до Општинја Виница, посебно до Луиза Алексова како претставник од Општина Виница,Заедничка програма на Совет на Европа и Европската мисија Фаза 2, невладина организација РОМАКДЕТ, општествено одговорните компании Макпрогрес, Мебел-ВИ, Антида, Алдора, Монд-спорт, Осковец Гроздан, Стакло ЗЕНИТ, Ротари клуб Кочани – Виница, сите кои помогнаа овој проект да биде реализиран, стои во поздравното обраќање на директорот на ООУ „Славчо Стојменски“ Горан Иванов.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk