Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

21 ви март- Ден на пролетта

По повод одбележување на Денот на пролетта и екологијата во Општи Виница се спроведени многу активности, од засадување на садници до еколошки акции.
Оваа година Општина Виница, по тој повод набави 450 садници даб и декоративни дрвја, за уредување на градот и пошумување. Садниците даб се засадени од страна на учениците од општинските училишта и членовите на младинските организации од Блатец, Истибања и Градец, на неколку локации.
Свеста за одржување и зачувување на природата треба да се гради од најмали нозе, затоa во градинките, најмалите, љубовта кон природата денес ја изразија со засадување на цвеќиња и пренесување на пораки преку песнички и безброј насмевки.
Добредојде на пролетта и посакаа сите ученици со дефиле низ градските улици, пренесувајќи многу пораки.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk