Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Дигитализирана Општина Виница

Половина од граѓаните не знаат дека општините им нудат услуги онлајн. Програмата за развој на Oбединетите Hации (УНДП) спроведе истражување за обемот на искористеноста на е-услуги во институциите во зeмјата. Според истражувањето, 86% од граѓаните никогаш не користеле е-услуга на општината, наведувајќи различни причини. Најголем дел (48%) не знаеле дека услуги кои се добиваат на шалтер можат да се добијат и онлајн.
Во прашалникот, како причини за слабата искористеност на е-услугите дел од испитаниците навеле и дека поедноставно им е да појдат во општинските канцеларии (15%), како и технички предизвици при користењето (12%). Дигиталната трансформација на општините не само што нуди подобри услуги за граѓаните, туку и помага во намалување на трошоците и ризиците за корупција.
Еден од примерите за успешна дигитализација е платформата за е-услуги, ЛОГЕС, првиот софтвер во државата за услуги на локално ниво. Развиен од УНДП, овој софтвер веќе функционира во 25 општини и нуди услуги во секое време, секаде во светот каде што има интернет конекција. ЛОГЕС осигурува безбедно онлајн плаќање и добивање на услугата од општината веднаш, по електронски пат, без да се помине ни минута во општинската зграда.
Нашата општина во соработка со УНДП и Центарот за развој на Источен плански регион преку платформата е-услуги на граѓаните им нуди 20 (дваесет) онлајн услуги, но бројот може да се зголеми соодветно на потребите на граѓаните, затоа што ЛОГЕС има опција за воведување нови услуги.

Со имплементацијата на платформата за е-услуги ЛОГЕС се збогатува понудата на услуги кои ги нуди општината по електронски пат, како пристап до податоци од јавен карактер, плаќање данок, аплицирање за одобрение за градба, поставување на прашања до градоначалникот или советот и слично.
До е-услуги може да пристапите преку веб страната на општината со избор на иконата е-услуги или преку линкот https://eservices.eastregion.mk/

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk