Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Богојавление Водици

Почитувани сограѓани, Ве покануваме сите православни Христијани, на ден 19.01.2024 година (петок), по повод големиот Христијански празник „БОГОЈАВЛЕНИЕ- ВОДИЦИ“, од исклучителна и голема важност во поголем број, сите заедно да ја продолжиме оваа Света и вековите традиција, и да има дадеме поддршка на сите храбри Христијани кои ќе учествуваат во вадењето на Светиот Крст од осветените води.
На 19.01.2024 година (петок) по повод празникот Богојавление- Водици, ќе се изврши Богојавленски Водосвет и ќе се положи Светиот Крст во осветените води, од Црковните настолетија и свештенството при доле наведените храмови:
1. Св.Архангел Михаил –Виница
-Утринска Литија од 07:00 часот
-Лицитација на икони од 09:30 часот
-Богојавленски Водосвет со полагање на Светиот Крст во осветените води на Градечка река (Бановски мост) од 11:30 часот,
2. Св.Пр.Илија с.Блатец во 09:30 часот,
3. Св.Јоаким Осоговски с.Јакимово во 10:00 часот,
4. Св.Богородица с.Драгобраште во 09:00 часот,
5. Св.Троица с.Трсино во 11:00 часот,
6. Св.Петка с.Истибања во 09:30 часот,
7. Св.Јован Крстител с.Лески во 11:00 часот,
8. Св.Пр.Илија с.Градец во 12:00 часот,
9. Рож.на Пр.Богородица с.Пекљани во 11:00 часот,
10. Св.Вознесение Христово с.Липец во 12:00 часот.
Општина Виница има обезбедено пригодни награди за сите Христијани кои ќе го извадат Светиот Крст од осветените води.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk