Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Реконструкција на Кино салата

Продолжуваме да ги реализираме проектите кои им ги ветивме на граѓаните. Во тек е реконструкција на Кино салата, која после долг период ќе добие нов лик. Според Договорот кој го склучи Општина Виница на 03.11.2023 година со Центарот за развој на Источно плански регион и изведувачот Свеан Инвест ДОО Скопје, градежните активности за целосна реконструкција на Кино салата треба да завршат најдоцна до 15.05.2024 година. Вредноста на овој проект е 19.777.546 денари, од кои Општина Виница има обезбедено 5.667.823 денари, а останатите средства се обезбедени од Центарот за развој на Источно плански регион.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk