Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Зајакнување на општинските совети - трета сесија

Општина Виница во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој се реализира во рамки на Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП, Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа реализира Проектни форуми во заедницата. На ден 15.12.2023 година (петок) со почеток во 10.00 часот во хотел ресторан „Александар Парк“ Виница ќе се одржи третата Форумска сесија во рамките на овој проект. На форумската сесија ќе се дискутира за предлог проектите подготвени од страна на работните групи утврдени на втората сесија. Вашето присуство е многу значајно и Ве покануваме да земете учество на оваа Форумска сесија да го кажете Вашето мислење.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk