Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Посета на Општина Виница од економско-трговската канцеларија во Амбасадата на НР Кина

Општина Виница вчера беше посетена од делегација од Амбасадата на НР Кина и претставници на раководниот тим на компанијата „Синохидро”. Делегацијата предводена од Хе Бингхуа, советник во економско-трговската канцеларија во Амбасадата на НР Кина остварија средба со градоначалникот Миле Петков и ги посетија Домот на култура „Тошо Арсов”, ЈОУДГ „Гоце Делчев” и ООУ „Гоце Делчев”. Целта на посетата е продолжување на соработката која започна пред една година кога општината беше посетена од амбасадорот на НР Кина и беше донирана техничка опрема за снимање и директен пренос на седниците на Советот на Општина Виница, со што се овозможи поголема транспарентност на работата на советниците.
Вчера компанијата „Синохидро” донираше 180 ЛЕД рефлектори за јавно осветлување,кои ќе бидат поставени на јавни објекти во градот и населените места во општината. Оваа средба вроди подготвеност соработката да продолжи и да се продлабочува. Кинеската компанија “Синохидро” веќе десет години реализира инфраструктурни проекти во македонски региони, при што задоволството од довербата го рефлектира со донации и давање придонес во општствениот и економскиот развој во нашата заедница.
Топлото добредојде и пријатната атмосфера го продлабочи пријателството и продолжување на соработката.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk