Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Се организира Јавен увид за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за некласификувана инфраструктура со намена Е3.1 – локални депонии за одлагање на неопасен отпад - депонија за комунален отпад во Општина Виница

Предмет на овој Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план е затварање, санација и понатамошна грижа за нестандардна депонија за комунален отпад, Општина Виница, која е дел од Проектот ИПА 2 „Затворање на депонии и депонии кои не се усогласени во источниот регион“ (ЛОТ1).
Изборот на оваа локација е определена на местото на постоечката нестандардна депонија . Постоечката нестандардна депонија се наоѓа на источниот дел од градот Виница, на патот кој води до селото Лески, на околу 3km од центарот на градот. Локацијата има директен пристап со асфалтен пат, а последните 500m се земјен пат.
Депонискотo тело е сместено во клисура на косина, со ориентација север-југ. Во непосредна близина на депонијата не се регистрирани водотеци кои гравитираат кон депонијата.
Проектниот опфат опфаќа дел од КП1155/1, KO Градец и дел од КП70, КП 71, КП72, КП79 и КП 80/1 , а цела КП 81, КО Лески со вкупна површина од 27470,44 м2.
Јавниот увид ке биде објавен на официјалната web- страна на Општина Виница во времетраење од 15 дена со почеток од 11.12.2023 до 25.12.2023 година.Во дадениот рок заинтересирани странки можат да дадат свои забелешки.

Соопштение
Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за некласифицирана инфраструктура со намена Е3.1 - локална депонија за одлагање на неопасен отпад - депонија за комунален отпад на Општина Виница

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk